еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кој ја реконструира Универзална сала, која се запали

Во пожар вчера изгоре дел од старата конструкција на Универзална сала во Скопје, која е во фаза на реконструкција.

За среќа немаше повредени, а материјалната штета допрва ќе се проценува.

Полицијата приведе тројца градежни работници за пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени тројца градежни работници за пожарот во Универзална сала

Објектот е осигуран, а со реконструкцијата ќе се продолжи кога ќе заврши истрагата за причините за пожарот.

Реконструкцијата беше прекината две години, а продолжи неодамна и денови таа доби нова купола, која го издржа пожарот. Истата беше поставена во рамките на првата фаза од реконструкцијата со која се дефинира надворешниот изглед на салата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Универзална сала доби нова купола

Во тек е процедурата за јавната набавка за втората фаза.

Целосната реконструкцијата на салата требаше да заврши до 2026 година, а инвестицијата е во износ од околу 16 милиони евра.

Инвеститор е Министерството за култура, а изведувач е фирмата „Универзал Балкан“.

Проектант е Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“.

Универзална сала е затворена девет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објектот на Универзална сала е осигуран

(Фото) Реконструкцијата на Универзална сала треба да заврши до 2026 година, еве како изгледа сега

Министерството за здравство склучи договор со “Универзал Балкан„ вреден 2,2 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мелем за душата: Маријана и Росана запеаjа заедно по 20 години

Редакција

Новиот сопственик на „Сковин“ ќе добие згради, земјиште, возила…

Редакција

ТАВ Аеродроми: Подготвуваме мастер-план за развој на скопскиот и охридскиот аеродром

Редакција