еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кривична за Фатмир Етеми, член на НО на Комерцијална, според МВР користел доверливи информации за купување акции во банката

Членот на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопјр, бизнисменот Фатмир Етеми, заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕТИ

Бизнисменот Фатмир Етеми ги демантира наводите за кривичната од МВР

Според МВР тој се сомничи за кривичното дело Измама при работењето со хартии од вредност, односно користел доверливи информации за купување акции во банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред исплатата на дивиденда, Фатмир Етеми, член на НО на Комерцијална купи 500 акции во Банката

-Пријавениот во својство на член на Надзорен одбор на банка од Скопје, злоупотребил внатрешна информација која се однесува на висината на дивидендата за 2023 година, која како член на Надзорен одбор ја дознал во текот на 2024 година.

На тој начин користејќи ja ценовно чувствителната информација истиот се стекнал со 500 обични акции, по просечна цена на чинење на акција од 16.400 денари или вкупно за акциите платил 8.200.000 денари, велат од МВР.

Од таму велат дека Етеми сензитивните информации ги пренел и на трети лица, поточно на членови на негово потесно семејство, со што истите ја искористиле информацијата на начин што купиле 701 акциии на Банката, по цена пониска од цената која што ја достигнала акцијата.

-Односно за акциите бил платен вкупен износ од 11.520.967 денари, а овозможило да се стекнат со вкупна корист од 639.000 денари по основ на ценовната промена на акцијата, како и вкупно 646.100 денари по основ на дивиденда.

Со ова лицето Ф.Е прибавил противправна имотна корист за себе и за членовите на неговото семејство и на тој начин сторил кривично дело, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фатмир Етеми купи 84 акции во Комерцијална банка

Комерцијална не ги објави примањата на Фатмир Етеми, член на НО, кој купи 500 акции на Банката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.357 болни од Ковид-19

Редакција

По барање на Народниот правобранител повлечени списоците со лични податоци на граѓани корисници на финансиска поддршка

Редакција

Бугарија со нота до Македонија: Реагира за дел од слоганите на протестите во Скопје

Редакција