ДУИ е државотворна партија, а тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за сценарија за дестабилизација на државата се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија само за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.
„ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на Владата без етнички легитимитет“, посочил Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија сакаат да ја дестабилизираат поранешни функционери со големи пари, тврди Мицкоски
И Тошковски тврди дека ДУИ наесен може да преземе чекори за дестабилизација на државата
ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски
Фото: Фејсбук/Ахмети