еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лицата кои наполниле 18 години, може да се сликаат за лични документи без закажан термин во сабота

Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

„Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори,“ велат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во гаснењето на пожарите денеска ќе се вклучи и авионот Херкулес од Романија, носи водни бомби од повеќе од пет тона

Редакција

Поплавени простории во МРТВ: Владата уверува дека не постои опасност од пожар

Редакција

Никакво затоплување на повидок: Денеска попладне локален пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција