еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија и Бугарија во Брисел се договорија заеднички да продолжат со изградбата на пругата од Коридорот 8

Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Унија (ЕУ) соопшти дека Македонија и Бугарија на состанок на високо ниво вчера во Брисел се договориле заеднички да продолжат со изградбата на железничката пруга на Коридорот 8.

Двете земји се согласиле да одржат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот 8.

„Дополнително, соодветните министерства ќе работат на изнаоѓање координирано техничко решение за изградба на прекуграничниот дел од Коридорот.

Северна Македонија и Бугарија, исто така, ја поздравуваат поддршката на Координаторот на Европскиот коридор за Западен Балкан – Источен Медитеран и на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница за напредување на Коридорот 8“, стои во соопштението.

Од Генералниот директорат го истакнуваат значењето на Коридорот 8, посочувајќи дека станува збор за критична железничка врска за целиот регион и ЕУ, кој ќе донесе побрз пренос на стоки и патиници, како и зголемување на мобилноста, пристап на пазарот и конкуретноста на Западен Балкан.

„Комисијата го поздравува повторното потврдување на посветеноста на Бугарија и Северна Македонија на Коридорот 8, што ја покажува подготвеноста за регионална соработка која е од суштинско значење за иднината на двете земји.

Источниот дел од Коридорот 8 ги поврзува Северна Македонија и Бугарија и е дел од Западен Балкан – европскиот коридор на Источен Медитеран и главен проект на Глобалната порта на ЕУ.

Со финансиска помош од ЕУ за подготовка на проекти и инвестициско кофинансирање според Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, Северна Македонија и Албанија ги надградуваат постојните линии и ги градат алките што недостасуваат долж Коридорот“, велат од Генералниот директорат.

На состанокот учестувале бугарскиот заменик-министер за транспорт и врски, Бисер Минчер, државниот секретар во Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Велковски, директорот на македонската Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и претставници на Комисијата на ЕУ, на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Секретаријатот на транспортната заедница на Унијата.

Изминатиов период изградбата на оваа пруга предизвика дополнителни тензии помеѓу двете земји, а за истата се зборува со децении.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И 2023. ќе биде тешка година за бизнисот, оцени извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев

Редакција

Твитер реакции за влегувањето на ДУИ во учебник по албански јазик, како пример за кратенка

Редакција

Докторот Вело Марковски прв кандидат за претседател на Македонија

Редакција