еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД за 2025 година

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог – Школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД, информираат од таму.

Кандидатите ќе имаат можност да аплицираат на Програма за развој на извршни директори, програма која се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија.

Програмата е дизајнирана во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство преку внимателен баланс на функционално знаење, стратешко размислување, ставајќи акцент на меѓучовечки и лидерски вештини. Истата ќе овозможи проширување на разбирањетп за улогите, одговорностите и интеракциите на клучните функционални деловни области за да ви даде поголема доверба во управувањето со нив; зајакнување на способноста за интерпретација и примена на информации од функционални области за солидно, целосно информирано донесување одлуки;, предизвикувајќи го размислувањето со примена на нови концепти и пристапи за поагресивно натпреварување на глобалниот пазар, како проширување на светоглед со нови перспективи и практично знаење стекнато преку соработка со меѓународна група врсници.

Целокупната програма ќе придонесе кон личен развој и раст на учесникикот, но и понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија, велат од таму.

Фондацијата Робин и Мајк Зафировски ја поддржува Програмата за извршни директори – Зафировски уште од 2017 година.

Македонија2025 искрено ја цени нивната посветеност и придонес кон развивање и раст на идните 100 бизнис лидери во земјата. Досега во рамките на програмата се образовале над 45-тина македонски врвни бизнис професионалци од различни индустрии, кои се развија во влијателни и прогресивни членови на македонското општество, посочуваат од таму.

Повикот е отворен до 16 oктомври 2024 година.

За повеќе информации за критериумите, начинот на аплицирање, селекцијата, но и споделени лични искуства од поранешни учесници, посетете да најдете на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапна ТУКА.

-За сите дополнителни прашања контактирајте нè на [email protected].

Придружете се на оваа исклучителна можност да станете дел од групата на македонски лидери кои ја обликуваат иднината на нашата економија и заедница, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема оздравени од Ковид-19

Редакција

Тетекс ќе дели дивиденда од 110 денари бруто по акција

Редакција

Просечната каматна стапка во август непроменета кај кредитите, зголемена кај депозитите

Редакција