еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонија2025 ја престави фондацијата „Центар за дигитална трансформација ГоДитигал Скопје“

Македонија2025 денеска на прес-конференција ја престави новоформираната фондација „Центар за дигитална трансформација ГоДигитал Скопје“.

Центарот „ГоДигитал“ е основан со цел да ја унапреди дигиталната трансформација во Македонија, а на прес-конференцијата беа претставени мисијата и основните цели на Центарот.

Претставниците на Центарот објавија дека во 2024 година ќе се фокусираат на низа активности, вклучувајќи поддршка за микро, мали и средни претпријатија, и политики за намалување на сивата економија.

На прес-конференцијата се обратија дел од со-основачите на ГоДигитал, Никица Мојсоска Блажевски и Васко Кроневски. Тие ги истакнаа клучните предности и стратешки цели на новата организација. Со-основачите изразија оптимизам за иднината и за потенцијалот на Центарот да придонесе кон дигитален и економски развој на земјата.

„Сметавме дека е најдобро да основаме, нова, непрофитна организација чија цел е да го развие еко-системот за дигитална трансформација бидејќи недостигаат консултанти коишто знаат како да ги дигитализираат компаниите, компании коишто се доволно свесни за предностите на дигитализација, како и дигитални решенија кои одговараат на потребите на домашните компании,“ изјави Мојсоска Блажевски.

Претставници од партнерските организации, вклучувајќи ги и ИМЕ, КИБС и Виза Југоисточна Европа, ја изразија својата поддршка за новоформираниот Центар. Членовите на Одборот на директори на Македонија2025 ја потврдија својата посветеност кон целите на Центарот „ГоДигитал“, со посебен акцент на поддршката на економскиот раст и дигитализацијата на земјата.

„ГоДигитал веќе ја заврши својата прва поголема активност, обука на бизнис консултанти кои ќе им помагаат на компаниите да развијат стратегија за дигитална трансформација, како и да ја имплементираат истата.

Обуката е според меѓународен курикулум и меѓународна сертификација. Следната фаза е селекција на успешни компании кои ќе бидат поддржани од програмата на ГоДигитал“, изјави Кроневски.

Настанот се одржа во присуство на основачите на Центарот од Македонија2025 и бројни претставници од партнерските организации, медиумите и други заинтересирани страни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно е во притвор, седум во домашен притвор: Кривично ќе се гонат 12 демонстранти од протестот против „францускиот предлог“

Редакција

Државниот пазарен инспекторат парично ја казни Евротим за несоодветниот „мазут“

Редакција

„Титаник“: Јанакиески му давал инструкции на претседателот на ДИК, Дерковски за изборите во 2011

Редакција