еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските уметници нема да одат во Софија за заедничко чествување на роденденот на Делчев, не оди и Мицкоски, ни Сиљановска Давкова

Македонските уметници Валентина Божиновска и Илина Митревска нема да одат во Софија, Бугарија, за да настапат на концертот за заедничко чествување на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, објави МКД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарија со концерт со македонски и бугарски уметници ќе го обележи роденденот на Гоце Делчев, покровител е Радев

Концертот со класична музика и поезија беше планиран за 4. февруари.

Божиновска требаше да рецитира поезија, а Митревска, сопран, требаше да биде дел од концертот на Софискиот симфониски оркестар.

Божиновска за МКД вели дека се откажала оти нема да има официјални преставници од Mакедонија.

Организаторите претходно информираа дека за концертот се поканети и македонскиот премиер Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Како што пишува МКД и двајцата не планираат да одат во Софија. Мицкоски ќе одаде почит на Делчев на неговиот гроб во црквата Св. Спас во Скопје, а претседателката ќе биде во Штип на заеднички активности на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Концертот го организира Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски најави нов концепт – општествен консензус за заеднички патриотизам

Редакција

„Нова атракција за скопјани – ѓубре туризам“: Твитер реакции за ѓубрето во кое се „удави“ Скопје

Редакција

По влезот во НАТО и ЕУ нема да Ве крадеме

Редакција