Лидерот на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски е најомилен, а Али Ахмети, лидерот на ДУИ е најнеомилен политичар во Македонија, покажува последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведено во периодот од 2 февруари до 5. март.
За Димитриевски 48% од испитаниците во земјава дале позитиво мислење – 33% се изјасниле дека имаат позитивно мислење, а 15% многу позитивно.
За Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, позитивно се изјасниле за 3% помалку испитаници, односно 45%, а 46% имаат негативно или многу негативно мислење.
За лидерот на Левица, Димитар Апасиев, 31% се изјасниле позитивно, а 54% од испитаниците имаат негативно или многу негативно мислење за него.
За Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ, 23% од анкетираните граѓани имале позитивно мислење, а 68% од испитанците за него искажале негативно или многу негативно мислење.
Ахмети има позитивна оценка од 19% – 10% се изјасниле дека имаат многу позитивно мислење, а 9% имаат позитивно мислење, а за Таравари 5% се со многу позитивно и 14% со позитивно мислење. За Ахмети 72% од испитаниците рекле дека имаат негативно или многу негативно мислење за него, а за Таравари 68% рекле дека имаат негативно или многу негативно мислење.
Во анкета учествувале 1.220 возрасни испитаници во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган најпопуларен странски политичар во Македонија, по него Путин, трет Бајден: Анкета на ИРИ
Фото: ЗНАМ/Илустрација: ИРИ