еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макстил лани со намалена добивка

Добивката на Макстил АД Скопје пред оданочување лани била 273 милиони денари и е пониска од остварената во 2023 година, додека нето добивката изнесува 238 милиони денари, и е пониска од остварената во претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Намалувањето на добивката во голема мера се должи на зголемените трошоци на производство поради повисоките цени на суровините и материјалите во текот на 2024 година, зголемената амортизација поради зголемениот износ на инвестиции остварен во последните години.

Исто така, кај административните трошоци има значително намалување кое произлегува од пресметаниот солидарен данок во текот на 2023 година.

Во овој период се остварени приходи од работење во износ од 8,38 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 99%. Споредено со 2023 остварените приходи од работењето (8,44 милијарди) се пониски за 1%.

Остварените расходи во текот на 2023 година изнесуваа 7,56 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 96%.

Споредено со 2023 година остварените расходи од работењето (7,59 милијарди денари) се пониски за 1%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макстил подготвени да се договорат со Владата за динамиката на враќање на парите за солидарниот данок

Duferco Skop купи уште 1.290 акции на Макстил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Jumbo во Скопје почна со работа

Редакција

Инвеститорите „МГ Фешен“ и МПЦ поднесоа барање за градежна дозвола за градење на првата зграда спроти „Холидеј ин“

Редакција

Што пишува во биографијата на Крешник Бектеши, старо-новиот министер за економија 

Редакција