еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Масимо Андолина, претседател на регионот Европа во ФМИ: Сè повеќе луѓе, свесни за здравствените последици од пушењето, се префрлаат на IQOS

Известувач од Нојшател, Швајцарија за емагазин.мк, Силвана Жежова

На 9. октомври се одржа Technovation, конференција, која Филип Морис Интернешнал (ФМИ) традиционално ја организира во научно-истражувачкиот центар во Нојшател, Швајцарија. Првите луѓе на компанијата од целиот свет, дискутираа во која насока ќе се движи тутунската индустрија во следните 10 години, што е направено во изминатите 20, но најважната порака за денешницата е пушачите да сфатат дека компанијата во своето портфолио има квалитетна, научно докажана подобра алтернатива на традиционалните цигари.

Главното мото е „Ако не пушиш, не почнувај. Ако пушиш, откажи се. Ако не се откажуваш, промени.“ Во оваа насока беше и разговорот кој еМагазин.мк го направи со Масимо Андолина, претседател на Филип Морис Интернешнал за Европа.

Андолина за македонскиот пазар истакна дека луѓето сакаат да пушат и сме држава со една од највисоките инциденци на пушачи во целиот регион. Пушењето, на некој начин е дел од нашата култра, но сè повеќе луѓе свесни за здравствените последици од пушењето, избираат промена, па се одлучуваат за IQOS како алтернатива.

„Македонија е прогресивна држава бидејќи регулаторната средина е со „отворен ум“, доста е прагматична, се создаваат можности за на пазарот да постојат алтернативни производи, за луѓето да можат да направат промена. Има уште многу да се направи, но поради позитивната регулатива има одличен старт, 10% од пушачите се префрлија на IQOS “ вели Мандолина за состојбата кај нас.

Како ќе им објасните на пушачите, зошто IQOS, зошто намалување на штетата од пушење на цигари?

– Доколку не престануваат со пушењето, тука е IQOS. Пушачите знаат дека секогаш кога палат цигара, тоа не е добро за нив. Голем дел од мнозинството пушачи продолжуваат да го прават тоа. Ова им дава можност да направат нешто добро за нив самите. Штотуку разговарав со еден господин кој бил пушач, но направил замена на цигарите со IQOS и го замолив да ми даде фидбек. Ми кажа дека се чувствува подобро,  се чувствува подобро во градите, кога се буди наутро, пречи помалку на оние околу него бидејќи го нема оној силен непријатен мирис. За мене највпечатливото нешто од се ова е што се чувствува подобро, и тоа е она кон кое се стремиме.

Може ли да наведете некои конкретни мерки што владите низ светот треба да ги превземат, се со цел да се движиме кон свет без чад?

-Би спомнал две работи кои може да ги земат како принципи, со цел да ги донесат тие одлуки. Првата од нив е да погледнат во науката и втората е одат на места и опкружување каде луѓето избираат да поминуваат време. Ако политичарите ги следат овие два основни принципи, тогаш луѓето ќе имаат можност да бидат информирани,  да ги пробат овие производи, ќе се грижат за себе и ќе прават подобри избори. Загрижувачки е што политичарите и регулаторите сакаат да ги ограничат луѓето да имаат пристап до подобри работи.

Што мислите дека треба да се направи подобро, за свет без чад да стане реалност не само мисија? Каква е иднината за таа цел и кои се денешните пречки кон остварување на истата?

-Како компанија правиме сè што можеме да биде направено од наша страна. Постојано се трудиме да ги направиме производите подобри, се обидуваме да го ангажираме општеството,  за да се пренесе информацијата и да бидеме слушнати. Но не можеме да го направиме ова сами. Потребно е повеќе гласови да бидат слушнати, не само на пушачите, гласови од сите страни, вклучувајќи ги оние кои се откажале, при пишување на регулатива.

Потребно е општеството да биде здружено околу ова, да се тргне настрана минатото, да зборуваме како луѓе гледајќи ги фактите и да се направи тоа што е подобро за граѓаните. И ова не се однесува само на тутунската индустрија, туку на многу работи. Мојата порака е позитивна, овде сум 16 години. Кога ќе погледнам каде бевме пред 10 години и каде сме сега, тоа е ноќ и ден.

Денес имаме околу 30 милиони корисници на IQOS низ целиот свет, луѓе кои ги оставиле цигарите и се префрлиле на алтернативните производи. Кога ќе застанеме и кога ќе ги видиме предизвиците кои сме ги надминале, патувањето е убаво, чашата е повеќе од половина полна и сум голем оптимист за она што следи во следните 10 години.

Кога зборуваме за Филип Морис Интернешнал и иднина без чад, во Македонија мислиме на IQOS. Но има и некои други производи како никотински кесички кои компанијата ги има во своето портфолио. Освен во Шведска, дали овој производ е прифатен кај пушачите во другите делови од светот и дали мислите дека може да стане алтернатива која пушачите би ја преферирале и на други места?

-Ќе ви дадам еден пример надвор од Шведска, САД е интересен пазар каде што употребата на овој никотински производ најбрзо расте. Има многу пушачи, но многу од нив се префрлија на никотински кесички. Тоа го гледам и во мојот регион, во Сицилија каде што годинава ги лансиравме никотинските кесички. Овој производ го лансиравме на 21 пазар во мојот регион, до крајот на годината ќе бидеме присутни во 25.

Во Велика Британија, многу скоро по лансирањето, продажбата на производот расте многу брзо. Имаме амбиција за 1% пазарно учество на крајот на годината. Бенефитите се огромни. Може да ги користите на места каде што не е дозволено пушење. Размислувајте за пушачите, тие патуваат, има долги летови до САД, и за време на тие долги летови кога не е дозволено пушењето овој производ може да биде алтернатива.

Како Светската здравствена организација и локалните здравствени институции реагираат на повикот на Филип Морис Интернешнал за акција во насока на јавното здравје?

-Има една интересна работа, во 1997 година Светската здравствена организација објави документ, во кој се залагаат за намалувањето на штетите од цигарите, како решение за проблемот со пушењето во светот. Документот сè уште постои и тие први го употребија изразот намалување на штетите од тутутнот (THR tobacco harm reduction).

Веројатно не помислија дека индустријата ќе ги сфати сериозно. Ние ги сфативме сериозно и го направивме токму тоа. Ова е време кога треба да се остават поделбите на страна и да почнеме да гледаме што можеме да направиме заедно за заедничка благосостојба. Се надевам дека Светска здравствена организација ќе погледне наназад во 1997 година.

Намалувањето се случи, забраните не се решение. Може да започне да работи заеднички, со кој било во светот, во приклучувањето на визијата од 1997 година за намалување на штетите од тутунот. Може да погледне во науката, може да ги идентификуваат местата каде што може да се подобриме, ќе бидеме отворени да прифатиме. Вистински сме мотивирани да го направиме она што е правилно. Добредојдена е можноста да го направиме тоа заедно со нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Историско признавање на Македонците во Грција: Официјално регистриран “Центарот на македонскиот јазик“

Редакција

Сите детали: Кои се условите за патување во Грција до 24 мај

Редакција

Трајче Стафилов: Македонија има европско законодавсто за заштита на животната средина, но потребна е поголема контрола на неговата примена 

Редакција