еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонија преку „Public room“ е меѓу петте водечки европски дизајнерски платформи

Петте големи меѓународни дизајн платформи и фестивали: „Skopje Design Week” на Public room (Македонија), Фестивал Миксер (Србија), Дизајнавстрија (Австрија), What Design Can Do, Амстердам (Холандија) и Центарот за дизајн од Барселона (Шпанија) се обединија за да го започнат амбициозниот проект: Next Gen Design, кој има за цел не само да го поттикне учеството на младите, туку и да поттикне промена на парадигмата и насочување кон циркуларен дизајн, информираат од Public room.

Партнерството се појави како одговор на итна потреба да се поттикнат младите дизајнери на возраст помеѓу 18  и 35 години ширум Европа да преземат активна улога во обликувањето на одржлива иднина.

Проектот Next Gen Design, поддржан од Европската комисија и Министерството за култура на Македонија, директно се справува со нужноста за иновативно и амбициозно вклучување на младите во изнаоѓање долгорочни дизајн и иновативни решенија.

За таа цел ќе бидат отворени меѓународни конкурси за дизајн решенија за сите млади дизајнери од Европа кои ќе се реалзираат во 2024, 2025 и 2026 година ќе ги промовираат принципите на одржлива и циркуларна економија.

Од вчера е активен онлајн центар преку веб страницата nextgendesign.eu, чија намена е споделување идеи и учење за позелена иднина во која е инкорпориран прашалник за млади од 18 до 35 години (nextgendesign.eu) со цел да се детектира свесност за Европскиот зелен договор и истиот да се прилагоди на потребите и можностите на младите во регионот и Европа.

Соработката на петте меѓународни платформи за дизајн ќе понуди серија истражувања, отворени повици за дизајн решенија и учество на европскит дизајн фестивали, работилници и резиденции во фабрики. Ова фестивалско партнерство означува значаен чекор за формирање на следната генерација дизајнери свесни за климатските промени во светот.

Public Room е основана во 2007 година врз основа на бизнис модел на социјални иновации и претприемништво. Од 2015 година го лансира уникатниот модел на социјално претприемништво и станува водечка граѓанска организација за дизајн на социјални иновации во целиот балкански регион.

Активностите и програмата го зајакнуваат непрофитниот сектор од регионот главно во доменот на креативните индустрии и особено дизајнот.

Во 2011 година Public Room го иницираше годишниот фестивал „Skopje Design Week” во Скопје и ја користи оваа платформа за тесно поврзување на дизајнот секторот, бизнисот и образованието. Овогодинешното издание на „Skopje Design Week” ќе се одржи од 6. до 10. ноември на две локации во Скопје, Public Room и Мала станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ задутре ќе одлучува за датум за преговори: Кои се можните сценарија за нашата земја?

Редакција

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот во Македонија порасна на 41

Редакција

(Галерија) Неколку илјади верници од државата и странство за Велигден во Бигорски манастир

Редакција