еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зошто Алкалоид е најпосакуван работодавач, какви бенефиции имаат вработените

Компанијата Алкалоид АД Скопје е една од најпосакуваните работодавачи во Македонија, со 2.155 вработени во земјата и 688 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

Од таму велат дека негуваат стимулирачка работна средина, во која работат и придонесуваат кон успесите вистински професионалци.

„На своите вработени секогаш се трудиме да им обезбедиме постојано подобрување на работното опкружување за да се чуствуваат ценето и вреднувано,“ велат од компанијата.

Една од бенефициите кои им следуваат на вработените е обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување со вклучени дополнителни превентивни здравствени прегледи и посебни поволни услови за членовите на семејствата на вработените.

Компанијата исплаќа новогодишен линеарен надоместок за секој вработен, регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум на ниво над последно објавената просечно исплатена плата во тромесечие, а вработените ги наградува за лојалност согласно правилникот за наградување.

„Дополнителни надоместоци согласно вклученост во успешно завршени интерни проекти. Годишен пораст на плата за сите вработени согласно економски показатели и инфлација. Годишен наменски буџет за едукации и стручни доусовршувања на вработените.

Редовни тим билдинзи на сите организациски единици.Можности за кариерен развој на вертикално и хоризонтално ниво преку различни програми на ниво на компанија,“ велат од Алкалоид за бенефициите на вработените.

Во однос на едукацијата на вработените постои тренинг центар со тренинг лабораторија, наменети и за едукација и студенти и ученици од програмата за млади таленти. Исто така, обезбедени се најсовремени мерки и континуирано инвестирање во заштитата и безбедноста на здравјето на вработените. Во услови на корона беа обезбедени тестирања од страна на компанијата и нај високо ниво на заштита во работните простории.

Компанијата обезбедува организиран превоз за дел од вработените, избор на храна за вработените во објектите каде имаат организирана исхрана, а за вработените што не користат организирана исхрана доделен им е соодветен паричен надоместок за храна.

Алкалоид редовно го мери задоволството на вработените и ги имплементира побараните предлог-мерки од истото. За членовите на синдикалната организација е овозможено плаќање на рати во десетици компании и повластени ценовни политики.

Бенефиции имаат и децата на вработените, како субвенциониран износ за вон школски активности на децата, новогодишни пакетчиња, како и подароци за секое новороденче на вработен од компанијата.

Од спортските активности овозможено е бесплатно користење на спортски сали во одредени термини, има обезбеден паркинг за велосипеди и мопеди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид лани имал 232 нови вработувања

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот го одбележува Денот на победата над фашизмот

Редакција

7 лица од новозаразените со корона вирусот со претходни заболувања

Редакција

Јовица Стојановиќ назначен за в.д. директор на Управата за извршување санкции

Редакција