еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Вработените во ЈСП бараат плата: Раководството апелира МОН и општините да го подмират долгот

Раководството на Јавнто сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска со неколку автобуси ја блокираа улицата пред Владата, поради неисплата на долгот од околу два милиони евра, додека вработените протестираа во кругот на претпријатието, поради неисплатата на заостаната плата.

Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, рече дека скопјани заслужуваат јавен превоз и ќе го добијат, без разлика на проблемите со кои што се соочуваат и без разлика на притисокот што се прави, како од Министерството за образование и наука (МОН), кое не ги исплаќа своите обврски од 120 милиони денари, така и од општините кои имаат долг од околу 40 милиони денари кон ЈСП.

Долгот од МОН е за субвенции за вршење линиски превоз за студенти и ученици во средно.

– Вработените во ЈСП заслужуваат плати и истите ќе ги добијат. Градот Скопје стои во целост зад нив. Овој притисок што се врши со неплаќање го доведува ЈСП во последните два месеци од функционирање во тековната година да има потешкотии, кои ќе се надминат.

Платата не се доцни, се доцни два до три дена моментално и ќе биде реализирана согласно законските обврски, изјави Глигоров.

ЈСП, посочи Глигоров, има наследен долг од над 300 милиони денари и долг кон приватните превозници од над 90 милиони денари, но сепак, како што рече, успешно ги сервисира сите свои обврски.

Глигоров, исто така, изрази уверување граѓаните дека ќе го добијат превоз, тој нема да биде прекинат и ЈСП ќе функционира во континуитет.

Александар Стојковски, в.д. директор на ЈСП, изрази уверување дека проблемот со платата ќе се надмине.

– Плата вработените ќе добијат. Дека ние преговараме и кажуваме дека Владата ни должи, а нивните одговори дека не постои никаков долг, искрено кажано и за време на пандемијата ЈСП ги добивало тие средства и одеднаш зошто се прекинуваат, искрено и ние ги бараме тие одговори, изјави Стојковски.

Прашан, што доколку Владата не ги исплати овие средства, Стојковски рече дека ќе продолжат со радикализација и блокади.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вчера оцени дека станува збор за сериозен долг и најави дека автобусите на ЈСП „од утре ќе бидат пред Владата и останатите институции, се додека не бидат подмирени долговите кон ова јавно претпријатие“.

Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најавија дека ќе штрајкуваат се додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата.

Од Владата пак, ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Сабајлево, поради дојава за бомба, јавниот автобуски превоз беше во прекин.

МОН нема долгови кон ЈСП, обврските кон сите субјекти се сервисираат редовно

Министерството за образование и наука (МОН) редовно ги сервисира своите обврски кон сите субјекти за што има регулирани законски надлежности или пак со кои има склучени договори по разни основи кои иницираат финансиски обврски, што не е случај со ЈСП „Скопје“.

– Законот за високото образование (член 27 став 6) уредува дека Владата на РС Македонија може да донесе одлука за посебни погодности за студентите, како што се студентска картичка за попусти, бесплатен градски превоз и друго, при што средствата се обезбедуваат од државниот буџет.

Но, оваа календарска година, не е донесена ваква одлука, од причина што во зимскиот семестар од студиската 2021/2022, студентите не посетуваа настава со физичко присуство на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се наведува во денешното соопштение од МОН.

Од Министерството велат дека нивна интенција не е намалување на правата на идните академски граѓани, туку напротив, постојано проширување на можностите за поддршка, што многупати досега е потврдено преку воведување на нови категории на стипендии, преку зголемување на износите на стипендиите, преку воведување на субвенциониран студентски оброк, доделување на ваучери за поддршка при студирањето и така натаму.

– МОН ќе предвиди средства во својот буџет за 2023 година за превоз на студенти и доколку наставата продолжи со физичко присуство, по усвојување на владина одлука, истите би биле префрлени на ЈСП.

Секако во меѓувреме, заедно со ЈСП ќе ги разгледаме можностите за поддршка во делот на превозот на студентите за тековниот и преостанатите два месеци од годинава доколку наставата во истите продолжи со физичко присуство, се посочува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрагата за лажната дојава за бомба во ЈСП во тек, над 120 автобуси се проверени и пуштени во сообраќај

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јануарска плата се уште не зеле 35.939, а декемвриска 12.692 вработени

Редакција

Најголем дел од прометот се остварува во трговијата, преработувачката индустрија со најголем удел во додадената вредност

Редакција

Претседателски избори 2019: Кој денеска ќе го оствари правото на глас

Редакција