еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 34 случаи на Ковид-19, оздравени 47, починати две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 598 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 25, Битола – 3, Гостивар – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 33, Битола – 4, Куманово и Гевгелија – по 2, Прилеп, Велес, Штип, Кичево, Кратово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (72г) и Прилеп (77г). Едно лице е починато во домашни услови и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 17.09 до 01.10.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, бројот на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556, а бројот на активни случаи изнесува 320.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

г.Пимен пред гробот на св. Кирил во Рим: Преку тебе го научивме словото за Христа Бога

Редакција

Милков: Амбасадорот Ангелов ќе се врати во Скопје кога ќе има соодветни услови за тоа

Редакција

Убавото време за неделава заврши, од денеска облачно, постудено и со врнежи

Редакција