еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Убавото време за неделава заврши, од денеска облачно, постудено и со врнежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Под влијание на влажна воздушна маса од утре веќе следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер.

Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 12.149 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, 20 починале

Редакција

Се укинува прогресивното оданочување и нема зголемување на даноците

Редакција

Во првите три месеци: Вкупната добивка на компаниите од Македонската берза намалена за 14,75%

Редакција