По добиената закана за поставена бомба во автобус ЈСП „Скопје“, проверени се над 120 автобуси во кои нема ништо и тие се пуштени да функционираат, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање до каде е истрагата во врска со дојавата за поставена бомба во градски автобус, Спасовски изјави дека очекува во текот на денот истрагата да биде завршена целосно и во ЈСП „Скопје“ и во превозните средства, со цел, како што рече, да бидеме сигурни дека нема ништо и граѓаните да бидат безбедни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработените во ЈСП протестираат пред Владата за неисплатена плата
ЈСП по лажната дојава за рачна бомба: По безбедносна проверка, автобусите се пуштаат во сообраќај
Приведен вработен од ЈСП, пријавил дека ќе постави бомба во автобус оти не земал плата
МИА