еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Јануарска плата се уште не зеле 35.939, а декемвриска 12.692 вработени

Управата за јавни приходи (УЈП) навреме ги има преземено сите законски надлежности што ги има во делот на присилна наплата – опомени, решенија, блокади,… за работодавачите навреме да им ја исплатат платата на вработените лица, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

-Обврска за пресметка за плата (МПИН) за јануари 2023 година имале вкупно 69.235 работодавачи за 534.282 вработени лица со законски рок за плаќање до 15 февруари. Од нив, заклучно до 23 февруари МПИН пресметката ја платиле 55.328 работодавачи за 518.443 вработени лица.

МПИН пресметката не ја платиле 8.144 работодавачи за 23.965 вработени лица, додека 5.763 работодавачи за 11.974 вработени се уште немаат поднесено пресметка, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

За декември 2022 година, како што кажа, обврска за МПИН имале вкупно 69.418 работодавачи  за 555.847 вработени со законски рок на плаќање до 16 јануари 2023 година. Од нив, заклучно со 23 февруари годинава МПИН пресметката ја платиле 61.968 работодавачи за 543.155 вработени, а не ја платиле 2.565 работодавачи за 5.447 вработени, додека 4.885 работодавачи за 7.245 вработени лица се уште немаат поднесено МПИН пресметка за декември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште петмина заразени пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 346

Редакција

За 24 часа нови 9 случаи на Ковид-19 од 2.743 тестирање

Редакција

Македонците најдоа “лек“ за новите цени – Диазепам

Редакција