еМагазин
Image default
Бизнис

ЕСМ Снабдување со топлина ја презема базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда

ЕСМ Снабдување со топлина во законска постапка ја презема базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во градот Скопје, информираат од таму.

„Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Подружница Енергетика-Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ Снабдување со топлина како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија.

ЕСМ Снабдување со топлина во иднина ќе биде Контролор на личните податоци и истите ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци.

Сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска вработува 13 службеници

Редакција

ЗК Пелагонија откупи сопствени акции

Редакција

Продаден блок акции од „Жито Полог“ за 146.000 евра

Редакција