еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мермерен комбинат ја зголеми добивката за 33%

Мермерен комбинат АД Прилеп во првите шест месеци од годинава остварил оперативна добивка од 536.976 илјади денари, која споредено со остварената за истиот период лани, во износ од 403.494 илјади денари, е зголемена за 33,08%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-EBITDA за периодот од 1 јануари до 30. јуни 2024 година изнесува 610.726 илјади денари, а наспроти остварениот износ од 473.250 илјади денари во истиот период од минатата година, покажува зголемување за 29,05%.

Друштвото за периодот од 1 јануари до 30. јуни 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 929.410 илјади денари, што претставува зголемување за 15,1% споредено со истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот изнесуваат 436.593 илјади денари и се повисоки за 2,96% во однос на остварените во истиот период од минатата година.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 482.537 илјади денари и претставува зголемување од 26,52% споредено со остварената добивка за истиот период од минатата година (30. јуни 2023: 381.397 илјади денари), велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку потрошил Мермерен комбинат за надоместоци на Одборот на директори лани

Колку потрошил Мермерен комбинат за надоместоци на Одборот на директори лани

Фото: Мермерен комбинат/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грејната сезона може да почне и на 1 октомври, ако температурата е помала или изнесува 12 степени

Редакција

Од Ковид-19 починаа 24 лица, најмладиот на 40 години

Редакција

Можеме да собереме 15.000 евра за тригодишниот Илин, кој го чека трета операција

Редакција