еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Меѓународниот суд во Хаг побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Меѓународниот кривичен суд во Хаг бара налози за апсење на лидерот на Хамас, Јахја Синвар и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвинувањата за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа, соопшти во интервју за американската телевизија Си-ен-ен главниот обвинител на Судот, Карим Кан.

Се бараат налози за апсење и на израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, и на уште двајца високи функционери на Хамас – Мохамед Диаб Инбрахим ал Масри, лидер на бригадите Ал Касим попознат како Мохамед Деиф и на Исмаил Ханијех, политичкиот лидер на Хамас.

Барањето налози за апсење за израелските политичари е прв случај во кој Судот сомничи лидери на близок американски сојузник, но и на политичари кои доаѓаат од земја која важи за демократска.

Барањето сега треба да го разгледува Советот на судии на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Обвиненијата против Синвар, Ханијех и ал Масри вклучуват „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад во притвор“.

Обвинувањата против Нетанјаху и Галант вклучуваат „предизвикување истребување, предизвикување глад како методи на војна, вклучувајќи ускратување хуманитарна помош, намерно убивање цивили во конфликтот“.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По две години пауза поради Ковид-19, повторно „Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“

Редакција

Левица со повеќе гласови од ЗНАМ, трета во македонскиот блок

Редакција

Њујорчани должат над една милијарда долари неплатени кирии

Редакција