еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) По две години пауза поради Ковид-19, повторно „Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“

По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, матурантите од 14 училишта од Скопје денеска повторно земаа учество на „Матурската парада“, на плоштадот „Македонија“.

Учествуваа матурантите од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“.

Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ учествуваа и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Унгарија.

– Ова е само крајот на вашето средно образование, почетокот на остатокот од вашиот живот и ви следат навистина најубавите години. Се надевам дека сите вие својата иднина ќе ја најдете во државата.

Сигурна сум дека меѓу вас има многу млади кои ќе ги гледаме многу често во голем број на професии коишто ќе бидат гордост за сите нас, им порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На настанот присуствуваше и заменик евроамбасадорот, Џулијан Васало, кој на матурантите им порача дека пред нив ги имаат најубавите години и оти ќе имаат можност да си ги остварат соништата, да го сменат светот, но пред сè да се забавуваат.

Во изминатите години учесниците од стотина градови од Северна Македонија, Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Романија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија и Хрватска во седум наврати поставија гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – квадрил.

Вкупниот број на учесници на „Матурската парада“ во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради грешки учебникот по Историја и општество за петто одделение повлечен од наставата

Редакција

СДС ја има целата власт да ја раскине концесијата, исто како што ја споија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот

Редакција

Шведска се уште не ги исполнила условите за да добие одобрување од Турција за да влезе во НАТО, вели Ердоган

Редакција