Минималната синдикална кошница за јуни изнесува 60.325 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Во однос на јануари годинава, има зголемување за 3.162 денари или за 5,5 отсто.
Според пресметките на ССМ, во јуни едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 21.952 денари или 36,4 отсто од вкупниот износ на минималната кошничка. За облека и обувки 4.962 денари, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари, за здравје 1.069 денари и за транспорт 4.871 денари.
За комуникација на едно четиричлено семејство во јуни годинава му биле неопходни 3.240 денари од вкупниот износ на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари, за образование 7.022 денари, за ресторани и хотели 3.890 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.
Според пресметките на ССМ, за оние семејства што живеат во стан под кирија потребни им се дополнителни 15.375 денари.
Фото: Унсплеш