еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Митрополит Струмички Наум: Не е доцна да се пости до Велигден, но поважно е исповед на гревовите и личната одлука да не се повторат

Од денеска започнува Страдалната (Страсната) недела, за време на која во црквите има секој ден служби, на кои се спомнува за последните денови од животот на Исус Христос на земјата, неговите страдања, случувањата со луѓето околу него, предавството, верноста на жените околу него до крај.

„Оваа Седмица е најголемата школа на духовниот живот. Во неа можеме духовно да израснеме и да созрееме повеќе отколку во цела година. Затоа, да Му ги предадеме срцата на Оној Кој има власт да нè преобрази, да нè воскресне, да нè обожи, да нè направи Свои – прекрасни во Него, деца на радоста Божја, деца на светлината невечерна,“ вели Епискиоп Антаниски Партениј.

Митрополит Струмички Наум, вели дека не е доцна и од денес па до Велигден да пости, за да се причести. Но, многу поважно и од самиот пост е да ги исповеда своите гревови што го одвојуваат од Христос и да одлучи да не ги повтори повеќе.

„Мислам дека е доволно и само да одлучи да не прави гревови што го одвојуваат од Христос и да одлучи дека ќе се исповеда, штом пронајде духовник пред кого ќе може да си ја отвори душата, па да се причести. Доволно е да посака да се испразни од гревот и да се исполни со Христос. Луѓе, не се колебајте да пристапите кон Христос, па Он, за да ни го овозможи овој пристап до Него, беше распнат на Крст и пострада; верувајте во Неговата љубов.

И не само тоа, Он е спремен уште безброј пати да пострада, а и страда заедно со секој еден од нас, само и само, некако да стигне до нашето срце и да го најде отворено за Него. Отворете си го своето срце за Богочовекот Христос, дури и само посакајте да го отворите и да Го примите во себе, и ќе доживеете радост и светлина која никогаш нема да ве напушти, ниту вие ќе сакате да ве напушти.

Не дозволувајте никој и ништо да се попречи помеѓу вас и Него, Он Е самата смисла на вашето постоење. Во Него живеете и во Него постоите; уште само и во себе да Го примите, та Христос да биде сé во сите, а секој да стане потполно свој – слободен од ропството на гревот. Исполни го Господи овој Твој копнеж преку мене, најмалиот од Твоите епископи, објавен за вера, надеж и просветлување на Твоите луѓе, зашто без Тебе ништо не можеме да направиме; и прости ни за сé,“ вели Митрополит Струмички Наум.

Фото: Тивериопол.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

16-годишно девојче од Струмица паднало во провалија, со повреди на главата е пренесено во болница

Редакција

Еве на кој број можете да му се јавите на министерот Таравари

Редакција

Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето

Редакција