Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој ја предводеше македонската делегација за меѓувладината седница помеѓу Македонија и Унгарија, во Будимпешта, вели дека не се сретнал со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Како што е познато Груевски избега од Македонија и стана азилант таму.
„Не се сретнав со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта, но дури и да сум го сторил тоа, вие ќе бевте веднаш информирани“, изјави денеска Мицкоски, кој посочи дека водел политика по принципот “вистината е најточна“.
„Верувајте, секогаш кога нешто ќе се случи јас веднаш го кажувам тоа јавно затоа што нема што да кријам. Совеста ми е чиста“, подвлече тој и најави за наскоро докази дека функционери од поранешната влада на ДУИ и СДСМ се среќавале со Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Каде вечераа Мицкоски и Орбан
Кои министри се со Мицкоски во Будимпешта за меѓувладината седница со Унгарија
(Видео) Во Будимпешта Мицкоски е со сопругата, еве како беше пречекана македонската делегација
Фото: Влада