еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заради бегалската криза, зголемен број на војници и полицајци се распоредени на границата со Грција

Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа состанок посветен на најновите состојби со справување со евентуален нов бран мигранти, информираат од Владата.

На состанокот на Управувачкиот комитет, со кој претседавала министерката за одбрана Радмила Шекеринска било истакнато дека Владата со соодветно внимание ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со партнерите на нашата земја од НАТО и ЕУ.

„Македонија воспостави систем од претходната бегалска криза и тој систем е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како транзитна земја.

Во 2019 година беше продолжена кризната состојба на јужната граница, и согласно оваа одлука, сите институции кои имаат обврски во услови на зголемен притисок на нашите граници го засилуваат своето присуство и ангажман.

Уште во текот на денешниот ден, зголемен е бројот на припадници на полицијата и на Армијата распоредени на јужната граница и потврдени се оперативните планови за дополнителен ангажман во случај на понатамошен раст на бројот на мигранти,“ се вели во соопштението на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По последните случувања во Сирија: Будно се следи состојбата на границите поради можен нов бран бегалци

Доаѓа нова криза: Турција го отвора патот за сириските бегалци кон Европа?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на изградба вреден 1,1 милион евра

Редакција

Пендаровски: Направивме попис со сите нишани, според највисоките стандарди на ЕУ

Редакција

Блиските на загинатите во автобуската несреќа ќе можат да влезат во Бугарија и без документ за Ковид-19

Редакција