еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка лани им исплатила 2,3 милиони евра на 50 менаџери

Комерцијална банка во текот на минатата година на 50 лица со посебни права и одговорности (менаџерски тим) им исплатила вкупно 145,9 милиони денари (2,3 милиони евра) за бруто-плати, плата од деловна успешност, регрес, новогодишен надоместок, менаџерско осигурување, отпремнина, систематски прегледи и јубилејни награди, соопшти банката во годишниот извештај објавен преку Македонската берза.

Од вкупната сума 96,7 милиони денари претставуваат фиксен и 49,2 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок.

На вкупно 1.012 лица вработени во банката, исплатени се вкупно 983 милиони денари (15,9 милиони евра) за бруто-плати, плата од деловна успешност, регрес, новогодишен надоместок, менаџерско осигурување, отпремнина, систематски прегледи, јубилејни награди, парична помош, дополнителни пензиски придонеси и други надоместоци од кои 843,3 милиони денари претставуваат фиксен и 139,7 милиони денари претставуаат варијабилен надоместок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка на тројца членови на Управниот одбор лани им исплатила 876.000 евра за плати и надоместоци

Комерцијална банка ќе исплаќа дивиденда во бруто-износ од 550 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје ќе потроши 32.500 евра на ручеци и вечери во познати скопски ресторани

Редакција

Стартуваа подготвителните активности за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

Има ли крај: Рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, продолжен до крајот на 2026

Редакција