еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка ќе исплаќа дивиденда во бруто-износ од 550 денари за акција

Надзорниот одбор на Комерцијална банка ја усвоил предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2019 според која за една обична акција ќе се исплаќа дивиденда во бруто-износ од 550 денари, односно 55 отсто во однос на номиналната вредност од 1.000 денари, соопшти банката преку Македонската берза.

„За предложениот износ на дивидендата за 2019 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката. Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 02.04.2020 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2019 година, е 23.04.2020 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 21.04.2020 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 22.04.2020 година.

Исплатата на дивиденда за 2019 година ќе започне на 29.04.2020 година“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка на тројца членови на Управниот одбор лани им исплатила 876.000 евра за плати и надоместоци

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 842.000 евра

Хотел „Континентал“ оди под залог кај Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија за 230 милиони евра ќе купи осум хеликоптери од италијанската фирма „Леонардо хеликоптерс“

Редакција

Скопски пазар лани со добивка

Редакција

Дизелот поскапува за 2,5, а бензинот Еуросупер БС-95 за 2 денари

Редакција