еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски вчера и честитал на Шекеринска

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера и се јавил на Радмила Шекеринска за да и честита за новата функција – заменик генерален секретар на НАТО.

„Ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници.

За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши.

Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани“, изјави денеска Мицкоски.

Посочи дека не е тајна дека во минатото со СДСМ имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики.

„И тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции.

Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело, а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие“, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска добила подршка од Владата, ама не доби и честитка

Koja e Шекеринска, која стана заменик генерален секретар на НАТО

Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот кај Пехчево се шири кон Бугарија

Редакција

(Фото-вест) Грчки авиони летаа над Скопје на годишнината од влезот во НАТО

Редакција

Димитар Ковачевски влегува во „трката“ за нов лидер на СДСМ

Редакција