еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Се менуваат правилата за котација на Македонската берза

Од 21.09.2020 година ќе отпочне со примена одлуката за измени и дополнувања на правилата за котација на Македонска берза, донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 28.07.2020 година, а за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност од 21.08.2020 година, соопшти Берзата.

Најважни новини кои се воведуваат со овие измени и дополнувања на Правилата за котација се следните:

Котираните друштва најдоцна до крајот на месец јануари, секоја година, ќе треба да објавуваат календар на настани во кој ќе бидат прецизирани неделите од годината во кои ќе вршат објави на финансиски извештаи или други битни настани поврзани со работењето на друштвото.

Извршено е општо намалување на роковите за објава на периодичните финансиски извештаи, согласно најдобрите регионални и европските пракси, и тоа:

– тримесечните неревидирани финансиски извештаи најдоцна до 30.04., а консолидираните најдоцна до 15.05. (до сега роковите беа 15.05. и 31.05.)

– шестмесечните неревидирани финансиски извештаи најдоцна до 31.07., а консолидираните најдоцна до 15.08. (до сега рокот и за двата беше 31.08.)

– деветмесечните неревидирани финансиски извештаи најдоцна до 31.10., а консолидираните најдоцна до 15.11. (до сега роковите беа 15.11. и 30.11.)

– годишните неревидирани неконсолидирани финансиски извештаи најдоцна до 01.03., а консолидираните најдоцна до 01.04. (до сега рокот беше идентичен, но со можност за одложување во зависност од доставувањето во Централен регистар)

– ревидирани финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето во рок од 7 дена од усвојување на собрание на акционери, но не подоцна од 31.05. (до сега не беше утврден краен рок).

Воведени се нови мерки за непочитување на правилата за котација, вклучително и воведување на „Листа за набљудување“, којашто е предвидено да биде јавно достапна на веб страницата на Берзата и на којашто ќе се внесуваат издавачи за кои Берзата смета дека треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност „поради посериозно непостапување од страна на издавачот или поради други ситуации поврзани со хартиите од вредност или издавачот“.

Доуредување на постапката за суспендирање на котацијата и мерката „привремено прекинување на тргувањето“, воведување на можност Берзата да прими на котација и хартии од вредност или издавачи кои според нејзино уверување претставуваат потенцијал за тргување на пазарот, додефинирање на постапките за префрлање и исклучување од котација на хартии од вредност, доуредување на доставувањето на одлуки и други документи согласно Правилата до котираните друштва, како и на правото на жалба на издавачите во врска со одлуките донесени од страна на Берзата.

Пречистениот текст на Правилата за котација во којшто се целосно вградени сите измени и дополнувања направени со оваа Одлука може да ги најдете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Личност на годината на „еМагазин“ е Ирена Ристиќ

Редакција

„Плоштадот Македонија како ќе го преименувате“: Твитер за отстранувањето на буквите од зградата на Владата

Редакција

Какви се очекувањата на Стопанска банка Скопје за престојниот период?

Редакција