еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Орбан доаѓа во Македонија

Од Владата денеска споделија детали за најавената средба на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот премиер Орбан доаѓа во посета на Македонија

Тој со делегација од унгарската Влада во земјава ќе биде два дена, на 26 и 27. септември.

Премиерот Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет а тет средба со Орбан во премиерската вила Охрид на 27. септември.

Дополнително, во рамки на посетата, како што информираат од Владата, ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација, а на 27. септември ќе се одржи заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид.

По завршувањето на меѓувладината седница на истата локација се очекува да се одржи и прес-конференција за медиуми на Орбан и Мицкоски.

На маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во градот Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а свежо цвеќе премиерите на двете земји ќе положат на споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Син сам го зел телото на почината мајка од тетовската ковид-болница, случајот пријавен во полиција

Редакција

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот: Повредени правата на женските боречки клубови

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција