Откако вчера македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова при заклетвата не го користеше уставното име, денеска со реакција се јавија и од македонското Министерство за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео од заклетвата на Силјановска Давкова на која регираа Грција и ЕУ
МНР, како што велат од таму, ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Грција, познат како Договорот од Преспа.
„Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето.
Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на Стратешкото партнерство во Стратешки дијалог со САД,“ се вели во соопштението на МНР.
Оттаму повикуваат на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери.
„Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата,“ додаваат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР
Европска унија реагира зашто Силјановска Давкова не употреби Северна Македонија