еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

МНТ гостуваше во Сараево: „Народен пратеник“ на сцената на Народно позориште

Во преполниот салон на Народно позориште, Сараево синоќа, беше изведена претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ – урнебесна комедија и едно од најзначајните дела на овој автор, информираат од МНТ.

„Во адаптација и режија на Егон Савин, претставата ја освои публиката која со долги аплаузи и овации ја награди извонредната актерска екипа.

На сцената блеснаа: Александар Микиќ, Дарја Ризова,Тони Михајловски, Јордан Симонов,Тања Кочовска и Александар Михајловски (снимен глас), додека во улогата на народот/статисти настапија: Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халил.

Претставата остави силен впечаток со својот хумор, ангажираност и актуелност, уште еднаш потсетувајќи зошто Нушиќ останува вечен класик,“ се вели во соопштението.

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата

Редакција

Во селото Старавина пронајдени 837 неексплодирани бомби од Првата светска војна

Редакција

10 грчки партии, здруженија и обвинителот на Лерин бараат укинување на Центарот за македонски јазик

Редакција