еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

10 грчки партии, здруженија и обвинителот на Лерин бараат укинување на Центарот за македонски јазик

Вкупно 10 постапки се водат во грчкиот суд против Центарот за македонски јазик во Грција, објави „Фокус“.

Станува збор за барања или поплаки поднесени до судот од трети страни, во кои се бара регистрацијата на граѓанското здружение да биде укината.

Освен овие барања поднесени од трети страни, и обвинителот на Лерин покрена постапка за укинување на регистрацијата во која се повикува на Преспанскиот договор и на толкувањето дека македонскиот јазик постои само во границите на Македонија.

Од Центарот за македонски јазик за „Фокус“ брифираат дека третите страни кои ги поднесуваат овие барања би требало да имаат законски интерес во постапката, но иако тоа го немаат, постапките се одобрени.

Досега се реализирани три судење по поплаки од една политичка партија, втората од обвинителот на Лерин и третата од едно здружение. За никоја од постапките досега нема одлука и процедурите продолжуваат.

Центарот за македонски јазик во Грција официјално беше регистриран како невладина организација од страна на судските власти во Грција во ноември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот во Лерин доби приговори за регистрацијата на Центарот за македонски јазик

(Фото) Историско признавање на Македонците во Грција: Официјално регистриран “Центарот на македонскиот јазик“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија првпат домаќин на Европско првенство, Мукаетов повика на сплотеност во организацијата

Редакција

Денеска во Анталија средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина

Редакција

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сè додека не се вакцинираат постарите и ризичните

Редакција