еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Денеска во Анталија средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина пристигнаа во Турција за директни разговори закажани за денеска наутро, соопштија официјални лица.

Тоа ќе биде прв контакт на високо ниво меѓу двете страни откако Москва почна со инвазија врз соседот Украина.

Официјални лица од Киев и Москва одржаа неколку рунди дискусии во Белорусија, но состанокот во јужниот град Анталија претставува првпат Русија да испрати министер на разговори за кризата.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба слета во Анталија на разговори „за Русија да престане со непријателствата и да стави крај на војната против Украина“, објави на Твитер синоќа портпаролот на Министерството за надворешни работи, Олег Николенко.

На разговорите пристигна и неговиот руски колега Сергеј Лавров, изјави турски претставник.

Дијалогот меѓу Киев и Москва досега донесе неколку локални прекини на огнот и хуманитарни коридори за евакуација на жителите, но Русија беше обвинета за прекршување на тие договори.

Кулеба во видеото на Фејсбук потврди дека ќе отпатува за Турција на разговорите, но рече дека неговите очекувања се „ограничени“, бидејќи Русија продолжува со својата брутална кампања за бомбардирање и опсада на големите градови.

Тој додаде дека успехот на разговорите ќе зависи од „под какви инструкции и директиви е Лавров“ од Кремљ. „Немам големи надежи во нив, но ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од“ разговорите со ефикасна подготовка, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

(Видео) Русите ја погодија детската болница во Мариупол, Зеленски тврди дека има деца под урнатините

(Видео) Концерт на Плоштадот на независноста во опколениот Киев

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на 12 возила за прва помош

Редакција

Во Вардар најдено телото на 25-годишно момче, кое се водеше за исчезнато

Редакција

Москва го забави темпото на офанзива, велат од украинската војска

Редакција