еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Македонска логика“: Надвор со маска, во кафана без маска

Не стивнуваат реакциите по најавата дека Комисијата за заразни болести доставила предлог мерки до Владата за спречување на ширењето на корона вирусот меѓу кои се забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови, и групирање на јавни простори по 23 часот, како и задолжително носење маска на отворено и во затворени јавни простории.

Предлог-мерките предвидуваат забрана за групирање во домовите на семејните прославии слави, а во едно живеалиште, сопствениците дозолено е да примаат дополнителни четири лица.

Со новите мерки се предлага и забрана за групирање на јавен простор по 22 часот на повеќе од четири лица. Забрана за собирања на поголема група по паркови, бензиски пумпи и било каде на отворено.

Се воведува задолжително носење маски или заштитна опрема на носот и устата секаде при престој на отворено, на затворено во кој било јавен објект, на работно место, јавен и приватен транспорт.

Исклучок се прави при спортување на отворено и затворено, при транспорт во приватно возила на членови на едно семејство, при седење во уготителските објекти со почитување на соодветни простории, при престој во службени простории ако е лицето само во просторијата.

Граѓаните на социјалните прашуваат каква е логиката да стане обврска маската на отворено, а во угостителските објекти односно во затворен простор да се седи без маска, макар и се почитувале протоколите.

Тие негодуваат со образложение дека станува јасно дека мерките против Ковид-19 се фрлени од ракав и дека почнуваат да се косат со секоја здрава логика.

Имено, кој е тој орган во државата што може да контролира колку гости има во еден дом?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче најави нови мерки: Нема прослави по дома и групирање на јавно место, маската задолжителна и на отворено

„ДУИ ќе испорача барање, од 4 гости барем 1 да е Албанец„: Твитер реакции за новите мерки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски Бетон го продава хотелот Бетон во Дојран на “Репро 21“ за 1,1 милион евра

Редакција

Обвинение за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, го киднапирале за да плати наводно украден херион

Редакција

Мицкоски од протестот во Кочани побара оставки од Димитров и Спасовски

Редакција