еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судот во Лерин доби приговори за регистрацијата на Центарот за македонски јазик

„Само прашај“ објави дека до судот во Лерин веќе се пристигнати два официјални приговори, но процените на партијата на Македонците „Виножито“ се дека ќе следат уште такви поплаки.

Разгледувањето на двата приговори ќе биде на 19 јануари и на 2 февруари.

„Има реакции од националистички организации и движења и ќе се знае во следниот период дали судот ќе стои на таа одлука. Тоа ќе се види. Затоа што во Грција за овие национални малцински прашања нема независно судство, да не се лажеме. Решаваат „длабоката грчка држава“ и нејзините органи како ќе признаваат или нема да признаваат“, вели за „Само прашај“, Павлос Воскопулос Филипов, претседател на „Виножито“.

На прашањето дали има сознанија кој ги поднел приговорите тој вели:

„Реагираат ултранационалистички движења, како што е Macedonian, движења од Австралија, од Канада, една мала партија чиј лидер е ултранационалист, потоа Златна зора, која е веќе незаконска партија. Но не е исто како што беше пред 10-20 или 30 години кога таква судска одлука како што е регистрацијата на Центарот за македонски јазик, беше невозможна“.

Целата сторија, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Историско признавање на Македонците во Грција: Официјално регистриран “Центарот на македонскиот јазик“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Некои од телата во Буча лежеле на улица со недели

Редакција

И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Во Охрид отворен Конзулат на Србија, за почесен конзул е избран Михајло Филев

Редакција