еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците од ДОМ и ЛДП ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија во изјава за медиумите по средбата со нивните колеги од опозициската партија, Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски.

-Текстот на драфт-резолуцијата генерално за нас е прифатлив. Секако останува овој текст отворен за дополнување, корекции, се разбира треба да се усогласи со уставниото име на државата, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ.

Нејзини очекувања се дека за еден ваков документ би требало да има широк консензус, потсетувајќи дека и политичките партии и граѓаните имаат ист став за идентитетските прашања.

Овој став го дели и пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова.

-Ни беше презентиран истиот текст што вчера беше споделен со медиумите. За нас драфт – резолуцијата е прифатлива, имавме забелешки само во делот каде што треба да се усогласи уставното име.

Собранието треба да биде обединето околу ова прашање, изјави пратеничката Зајкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ се предомисли: Ќе ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за Бугарија

Што содржи предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, со која бара државен консензус во преговорите со Бугарија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остро предупредување од потпретседателот на Европската комисија до Македонија за Договорот од Преспа

Редакција

Eпидемиологот Даниловски прогнозира дека ќе можеме да се опуштиме кон крајот на јуни

Редакција

Минатата недела регистрирани нови 57 случаи на омикрон во седум градови

Редакција