еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата, која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието, а која ги содржи националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги обединува сите општествени и политички фактори и да биде носечкиот столб за заштита на националното ткиво и стратешки цели на Македонија. Покажуваме дека обединети сме посилни.

Се заблагодарувам на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА за својот придонес со создавање на текстот на оваа резолуција. Се заблагодарувам на сите политички партии, и од опозицијата и од владејачкото мнозинство кои беа спремни да ја поддржат Резолуцијата или беа спремни на разговор со нас за истата.

Се надевам дека денешната изјава од СДСМ е искрена и се базира на сериозните аргументи кои ги понудивме.

Доколку СДСМ не постапат според денес кажаното или доколку се обидат низ процедурални собраниски трикови да го закочат носењето на оваа Резолуција, тогаш ќе направат штета за Македонија. Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија,“ напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ се предомисли: Ќе ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за Бугарија

Што содржи предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, со која бара државен консензус во преговорите со Бугарија

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на евроинтеграциите

Редакција

Само едно лице донирало пари за изборната кампања на Алијансата за Албанците и Алтернатива

Редакција

Зголемување од 4,1%: За една недела 2.120 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција