еМагазин
Image default
Македонија

Адвокатот на Мијалков на судењето за „Таргет-Тврдина“: Идентичен е износот наведен од вештакот и обвинителниот акт за системот „Најс“

Одбраната на обвинетите во случајот „Таргет-Тврдина“ смета дека износот од 1.4 милиони евра кој денеска го наведе како вредност на ништење на системот за прислушување „Најс“ вештакот Ѕвонко Кочовски, е идентичен со обвинителниот акт.

Адвокатот Петар Василев, во својство на одбрана на обвинетиот Сашо Мијалков, бараше од вештакот појаснување по однос на ова прашање, но истиот не доби одоговор со образложение дека вештакот е обврзан да одговори само за изготвеното вештачење.

Воедно, адвокатот Василев, се произнесе дека од вештакот е барано да се изврши вештачење на вредноста на системот за прислушување „Најс“, а не негова проценка.

Денешното рочиште за судскиот предмет „Таргет-Тврдина“ продолжи со дополнение на доказна постапка.

Во судот свој исказ на денешното рочиште даде вештото лице Ѕвонко Кочовски, кој истакна во моментот на ништење на системот за прислушување „Најс“ неговата вредност била 1.4 милиони евра.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК, кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Таргет-Тврдина“: Вредноста на уништениот систем за прислушување „Најс“ е 1.4 милиони евра

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 344 случаи на Ковид-19, во Скопје 143

Редакција

Најстудено со најмногу снег во Маврово

Редакција

Наместо осуда, Османи за скандалозната изјава на Милков кажа дека немало да биде адвокат на комунистичкиот период

Редакција