еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Евтината руска нафта им овозможува екстра-профит на независните кинески рафинерии

Независните кинески рафинерии остваруваат екстра-заработки од преработката на евтина руска нафта, бладогадение не попустите што Москва им ги дава поради воведните санкции од Запад, проценуваат извори од индустријата и аналитичари.

Групата седум најразвиени земји (Г7) по 5 декември постави горна граница на цената на барел руска нафта на 60 долари.

Тоа ја поттикна Русија да ги пренасочи своите испораки на сирова нафта од Запад кон Азија, со поголеми попусти.

Додека Индија ја купува руската сирова нафта од Урал по цена под 60 долари за барел, Кина сè уште купува сирова нафта над границата бидејќи на независните рафинери – главно лоцирани во источната провинција Шандонг – им одговараат кратки растојанија за испорака и горива со ниско ниво на сулфур, велат трговците.

Кинеските независни рафинерии, познати како „чајници“ (teapost) , ја преработуваат нафтата што државните рафинерии не можат да ја прифатат.

Попустите на спот-пазарот за сурова нафта „ESPO“ се зголемија за најмалку една испорака предвидена за јануари, што минатата седмица беше продадена на независна рафинерија минатата со попуст од околу 6,50 долари за барел. Со други видови нафта се тргува со попуст од околу пет долари за барел.

Цената на сировата нафта „ESPO“ според слободните пазари изнесува околу 65 долари за барел, што е над границата на цената на Г7, проценуваат трговците.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ потпиша соработка за практиканство со две средни училишта

Редакција

(Видео) Клиниката „Жан Митрев“ функционира сто проценти со сите свои капацитети на сите оддели

Редакција

(Фото) Што пишува во изјавите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот, заверени на нотар

Редакција