еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонија првпат домаќин на Европско првенство, Мукаетов повика на сплотеност во организацијата

За првпат Македонија ќе биде домаќин на Европско сениорско првенство во екипен спорт.

Заедно со Љубљана, Цеље и Подгорица, од 4. до 20. ноември оваа година и Скопје ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во ракомет за жени.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов денеска повика на сплотеност во организацијата на шампионатот како на светот би му покажале зошто ракометот е спорт број еден во Македонија.

– Идејата е да бидеме сите тука заедно и да покажеме дека водиме грижа едни за други. Сите заедно го работиме тоа во континуитет да креираме колку можеме подобар ракомет за Македонија.

На претстојното Европско првенство очекуваме поддршка од нашиот народ за нашите девојчиња која навистина ја заслужуваат. Мораме заедно да продолжиме да работиме и да покажеме дека можеме да додадеме додатна вредност за мак-ракометот.

Мора да покажеме дека во Скопје, Македонија, може да направиме нешто што ќе биде светски. Да покажеме сите заедно зошто е спортот број еден во Македонија, рече Мукаетов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Компанијата ПерпетууМобиле прослави 25 години постоење

Редакција

Cashback World повторно ги изненади своите онлајн купувачи – овој пат со паметен „plug-in” за интернет пребарувачите

Редакција

Раст од 3% на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани

Редакција