Во пријатна атмосфера и одличен амбиент компанијата ПерпетууМобиле го прослави своето јубилејно 25 годишно постоење.
На настанот беа присутни поголем дел од нивните клиенти и соработници кои уживаа во одличната забава, а сопственикот на компанијата Дејан Костов ги поздрави гостите и им се заблагодари за довербата, лојалноста и поддршката на семејството, вработените, клиентите и соработниците.
Со повеќе од 10.000 задоволни клиенти веќе 25 години оваа компанија гради една успешна приказна.
Остварување и на најсложените барања на клиентите како и следење на сите трендови и технолошки иновации во нивната дејност беше цел која компанијата се стремеше да ја достигне.
А денес по 25 години, ПерпетууМобиле успешно ја остварува оваа цел, благодарејќи на несебичната вложеност на вработените во компанијата како и одличната соработка со бројни компании.
Успешната приказна започнува во 1994 година кога е основањето на компанијата. Истата година компанијата ги добива своите први клиенти и го потпишува првиот договор.
На почетокот како компанија која нуди услуги во областа на обезбедување, ПерпетууМобиле се соочи со уште многу предизвици и реализирани проекти и прерасна во водечка компанија во областа на обезбедувањето од сите видови.
Оваа компанија веќе 3 години е прв и единствен центар за готовина чија основна дејност е траснпорт на дневен промет од секаков вид на компании во државата. Минатата година започна развојот на дигитални платформи во областа на обезбедувањето и транспортот на пари кои се претставија на интернационално ниво.
Паралелно со овие две дејности во 2018 година компанијата влезе во уште една нова индустрија, а тоа е чистењето. Во дејноста чистење ПерпетууМобиле секојдневно брзо напредува и може да се пофали со 1.500 редовни клиенти како и различни еднократни големи проекти кои непрекинато растат.
Денес ПерпетууМобиле брои повеќе од 1.000 вработени, а бројот на услуги, реализирани проекти и нови клиенти постојано расте.