еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Можете да ја тужите државата за загадениот воздух

Врховниот суд на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, што преведено значи дека секој граѓанин ќе може да ја тужи државата за загадениот воздух, кој го дишеме со децении.

Иницијативата беше поднесена од страна на адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина.

Одлуката на Судот следи откако двајца македонски граѓани поднесoa тужби до Управниот суд за заштита на слободите и правата, каде наведуваат дека дишат енормно загаден воздух и бараат од државата да донесе стратешки акционен план за заштита.

Управниот суд претходно ги одбил тужбите со образложение дека не е надлежен, а потоа Врховен ги укинал со укажување дека всушност Управниот суд е надлежен, но Управниот суд повторно ги одбил со образложение дека не може поединец да суди за колективно добро.

Врховниот суд повторно го вратил предметот до Управен, но таму е донесена иста одлука од други причини, по што со третата одлука, Врховниот суд го прифатил ставот на Управен.

Ставот на Судот е дека „во остварувањето на правото на здрава животна средина се применуваат одредбите од Законот за управните спорови, кои обезбедуваат судска заштита од незаконски акти и дејствија (или непреземени дествија) со кои се повредуваат уставно загарантираните права и слободи на човекот или граѓанинот, кога таа конкретна судска заштита не е предвидена со Уставот и другите закони“, и појаснуваат дека, под дејствие на службено лице се смета „секое дејствие, активност или акт на сторување или несторување во извршувањето на законските обврски во рамките на своите надлежности предвидени со Уставот, законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Северна Македонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мотоциклист повреден во сообраќајка со возило на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски

Редакција

Визијата за ЕУ ​​збогатена од Западен Балкан, Украина и Молдавија: Декларација од Атина од неформалниот состанок на лидери

Редакција

5G за секого: Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro

Редакција