еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

МРТ лани со загуба од 131,7 милиони денари

Финансискиот резултат од работењето на МРТ во 2023 година бил загуба во износ од 131,77 млиони денари, покажува анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година.

Од рекламирање МРТ остварила 12,28 милиони денари, што претставува 1,2% од вкупните приходи.

-Овој вид приход е за три пати помал отколку во претходната година, кога биле остварени вкупно 37,63 милиони денари.

Ваквата состојба, како што е посочено во Финансискиот извештај на МРТ, се должи на тоа што вкупниот буџет со кој располага не едоволен за да се набават актуелни програмски содржини во рамки на чие емитување би се емитувале реклами.

Овие 12,28 милони денари јавниот сервис ги остварил од продажба на рекламното време во рамки на позначајните спортски настани за кои ги откупил правата за емитување (FIFA Светски куп во фудбал жени, Лига на шмпиони, UEFA Супер куп во фудбал, зимски спортови, ракометни и кошаркарски првенства и други програмски содржини), стои во анализата.

Во категоријата трошоци за вработените, кои претставуваат 46,30% од вкупните трошоци на МРТ, се опфатени трошоците за бруто плати (504,16 милиони денари), трошоците за отпремнина за вработените кои во 2023 година оствариле право на пензија (1,12 милиони денари), регрес за годишен одмор (16,74 милиони денари) и други надоместоци за вработените – јубилејни награди, помош на вработените по разни основи (во случај на смрт, елементарни непогоди и друго) и трошоци за едукација на вработените.

-Иако накрајот на годината вкупниот број на вработени во МРТ бил за 20 лица помал отколку во 2022 година, трошоците за бруто плати на вработените се повисоки отколку во претходната година, што се должи на усогласувањето на платите на вработените со минималната плата на ниво на државата од септември 2023 година.

Во 2023 година трошоците за програмски права изнесувале 395,45 милиони денари.

Во овој износ се опфатени: трошоците за откуп на права за емитување и пренесување на спортски настани во износ од 82,57 милиони денари, трошоците за откуп на лиценцни права за емитување филмови, серии, детски анимирани серии и документарни емисии во износ од 64,66 милиони денари, трошоците за реализација на копродукциски проекти во износ од 129,46 милиони денари и трошоците за останатите програмски права во износ од 118,26 милиони денари.

Инвестициите во износ од 88,23 милиони денари се однесуваат на извршени градежни работи и реконструкција на телевизиските студија, како и за реализирани набавки на опрема, стои во анализата.

На 31.12.2023 година, вкупниот број на вработени во МРТ изнесувал 661 лице, што е за 20 лица помалку отколку во претходната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави приходи имале лани Сител, Алфа, Телма, Канал 5 и Алсат М

Алфа, Алсат М, Канал 5 и Сител лани со добивка, Телма со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

2,4 милиони патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2022 година

Редакција

Јавен повик до премиерот Заев од граѓански организации и професори: Да се спречи изградба на висококатници спроти „Холидеј Ин“

Редакција

Убава вест: Во Македонија заболени од коронавирусот уште само 18 здравствени работници

Редакција