еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Србите од денеска ќе добиваат електронски картички за бесплатни патарини низ Македонија

Државјаните на Србија, од денеска на граница ќе добиваат електронски картички (М-Смарт Кард) за ослободување од надомест за патарини. Одлуката која Владата ја донесе на седница одржана на 25 мај, ќе важи од денеска до 15 август.

Врз основа на оваа одлука, набавени се 200.000 М- Смарт Кард, во износ од 172.000.000 денари (2,8 милиони евра).

„Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на буџетот.

Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Северна Македонија преку Граничниот премин Табановце,“ се вели во одлуката на Влада од 25 мај.

Оваа мерка е со цел Владата да возрати на Србија за хуманиот гест и помошта во вакцини.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебар и Скопје во 4 фаза: Какви се проценките за ширење на коронавирусот во Македонија

Редакција

Двајца странци се тестираат на корона вирусот, хотелот каде престојуваат e во карантин

Редакција

Судскиот совет го разреши судијата Катавеновски, а за тројца судии ја запре постапката

Редакција