еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Над 14.000 граѓани пријавени во првите три дена за бесплатна вакцинација против сезонски грип 

На веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, веќе се пријавени над 14.000 граѓани, информираат од Министерство за здравство.

Предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини, велат од таму.

„Потсетуваме дека пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линкот ОВДЕ. На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате,“ се додава во соопштението.

Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски на Фејсбук: Добив азил во Унгарија

Редакција

Бугарското МНР поради бришењето на клубот во Битола ја обвини Македонија за кршење на Европската конвенција за човекови права

Редакција

Обнова на пистата на скопскиот аеродром од 28 март, ќе трае 50 дена без затворање

Редакција