еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

НАТО распореди дополнителни 200 војници во Косово и Македонија

НАТО од вчера распореди околу 200 припадници на новоформираните сојузнички сили за одговор (АРФ) на Западен Балкан.

Како што информираа од КФОР, 50 членови на оперативниот тим за врски и извидување во рамките на АРФ ќе бидат распоредени во Косово, а останатите во Македонија.

Оваа е првпат да бидат распоредени припаници на АРФ од формирањето на формацијата во јули годинава.

Тие до 16. октомври ќе имаат обука за да бидат подготвени да им помогнат на членовите на КФОР.

Персоналот ќе се обучува за одржување на високо ниво на подготвеност и тестирање на вештини и процедури за брзо распоредување на големи сили.

Еден дел од администрацијата на АРФ ќе биде привремено интегриран во командната структура на мисијата на КФОР, со задача да ги утврди логистичките, инфраструктурните и оперативните потреби на КФОР.

Фото: НАТО/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Со вакцините не успеваме да ја намалиме смртноста, останува да се бориме со превенција на заразувањето

Редакција

Васил Гарванлиев ќе ја отвори втората Парада на гордоста во Скопје

Редакција

Новозаболените од коронавирусот во Скопје се заразиле на сеемен настан

Редакција