еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На покана на Шеикот, делегација предводена од Мицкоски во посета на Обединети Арапски Емирати

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада, Игор Јанушев, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, националниот координатор за туризам, Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции од денеска е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„Премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба со претседателот на ОАЕ воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, Н.В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чијашто покана и се остварува оваа посета на ОАЕ.

Премиерот Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба и со Н.В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ.

За време на посетата, планирани се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија,“ се вели во соопштението од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 итно пренесен на Клиника поради влошено здравје

Редакција

Судот одобри куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во затвор

Редакција

Кој сè од Управниот и Надзорниот одбор на Комерцијална купи акции на Банката

Редакција