еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

На 143 се искачи бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва

Според последните официјални податоци бројот на загинати во синоќешниот терористички напад во концертна сала во Москва се искачи на најмалку 143, а дестици ранети се во критична состојба, па бројката може да порасне.

Одговорноста за нападот ја презеде ИСИС (Исламската држава), која објави и фотографија од четворицата напаѓачи, кои се уапсени.

Како што стои во пораката на ИСИС објавена на социјалната мрежа Телеграм, нападот бил во „контекст на безмилосната војна на Исламската држава со земјите кои се борат против исламот“.

Руските власти досега уапсија 11 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Најмалку 93 убиени во терористичкиот напад во Москва, уапсени 11 лица

САД, Германија, Британија и Летонија предупредија на терористички напад во Москва пред две недели

(Вознемирувачки видеа) Бројот на убиени во терористичкиот напад во Москва се искачи на 60

Фото: Телеграм/Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детето од училиштето во Ѓорче кажало на наставничката дека двајца соученици сакале да го силуваат, но таа го игнорирала

Редакција

Се чека одлука на Влада: Комисијата за заразни болести препорача затворање на школите, градинките и универзитетите

Редакција

Путин го обвини НАТО дека учествува во војната во Украина со испораката на оружјето

Редакција